Skip to content


Здружение за ПР во Македонија

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го иницираше процесот на формирање на одбор за основање на првото здружение на стручњаци за корпоративни комуникации и односи со јавноста во Република Македонија.

Иницијативата произлезе од потребата за стандардизирање на професијата, подобрување на професионалните и етичките принципи во работењето, како и поттикнување на соработката меѓу стручњаците од оваа област во Македонија, но и во регионот. Здружението, меѓу другото, ќе работи да ја зголеми свеста за нужноста да се комуницира со јавноста, ќе ја стандардизира и промовира професијата и ќе ја поттикне соработката меѓу професионалците од оваа област во Македонија и во регионот.

Морам да признаам дека сум навистина пријатно изненадена што на денешниот состанок беа присутни дури 60-тина претставници на ПР индустријата во земјава (додуше од поканети 200), што од ПР и маркетинг/адвертајзинг и клипинг агенциите, што од корпоративниот, јавниот и граѓанскиот сектор. Од нив дури 19 се номинираа (или беа номинирани) за членови на Иницијативниот одбор.

Земајќи предвид дека професионалците од домашната ПР фела се многу почесто противници отколку сојузници, присуството и дискусијата на денешниот состанок ветуваат дека оваа иницијатива има големи шанси да прерасне во релевантно и влијателно здружение кое ќе претставува вистински барометар на ПР професијата во земјата.

Posted in Едукација, Општо, ПР. Tagged with , , , , , , , , .

0 Responses

Stay in touch with the conversation, subscribe to the RSS feed for comments on this post.

Some HTML is OK

(required)

(required, but never shared)

or, reply to this post via trackback.