Skip to content


Најлоши слогани: нешто што ќе остане

Според анкетата од минатата недела, за омилен најлош слоган беше изгласан слоганот за јогуртот на млекара Здравје Радово: “Густ јогурт. Нешто што ќе остане”, со вкупно 81 глас (или 27% од вкупниот број на гласови).

Второто место го освоија хигиенските влошки Снаа (Хедис), со слоганот “Само една е снаа”, за кој гласаа 65 читатели (22%).

На третото и четвртото место се најдоа слоганите “Создаваме месна навика” (месарница “Поповски”), и “Кожуфчанка, кралица на водите“, со по околу 10% од гласовите. На петтото место е ‘инвентивниот’ слоган во рима, за специјалната болница “Филип Втори”.

Еве ги и резултатите од гласањето, во форма на топ листа:

Се појавија и некои дополнителни интересни предлози (што во коментарите под блог-постот, што на facebook), кои еве ги издвојувам резимирани тука, како ‘бонус-десетка’:

1. Естетска хирургија за вашата бања (Фриго Шоб)
2. Кровот е круната на секоја куќа (Керамика “Слобода”)
3. Не сме банка, но ги штедиме вашите пари (Teдико)
4. Ние го создадовме кралството на бањите, се бараат само кралот и кралицата (Фриго Шоб)
5. Ништо не е страшно, кога имаш *име на брашното* брашно (Мак-млин, Кочани)
6. Квалитетот во Хедис е најевтин (Хедис)
7. Popova Sapka – We Have Snow!
8. Сите се добри, ама ние сме најдобри (Мебел-Ви, Виница)
9. Avio karte. Samo ptice lete jeftinije (некоја агенција)
10. Vezesharri. E Cka Tjeter. Или во превод: Јајца од Шара. А што друго? (Vezesharii јајца)

Ви благодарам на сите за придонесот. Се надевам само дека во иднина и самите компании повеќе ќе внимаваат како се рекламираат, зошто лошиот слоган навистина подолго се памти. Ќе им остане, како јогуртот од Здравје Радово.

Posted in Адвертајзинг. Tagged with , , , , .

One Response

Stay in touch with the conversation, subscribe to the RSS feed for comments on this post.

  1. тако said

    јас одбивам да верувам дека тепале Некст Тајм. Да не е наместено? Да не најдам дома пакет радово во знак на захвалница, па да ми остане само густин у стомак? А?

    Во дух на нашиот народ: “Снаа е морален победник”.

    Накратко, ако млечниот производ остане ќе стане мувла и конечно смрад и ѓубре, и нема прича у тоа. Ама!!!

    Од сите можни женски родниски врски да се погоди Снаа, не свекрва, не баба, не золва, нити балдска, туку СНАА е тука има повеќе од прича. Оти ако не ти е скроена снаата кој ќе го рани син ти? Оти ако снаата (како влошка) не го спречи крварењето, неприликата, проглемите, кој друг ќе си валка раце? Оти ако снаата не ти ќути по дома и не ти вика: “ДА тате”, кој друг ќе ти сервира – разгалена ќерка? НЕ и не. неможе снаа да не е морален победник, оти само ЕДНА е снаа. и само таа знае кој јогурт да оодбере и со што млеко сутлијаш да направи.

    Гоу Снаа Гоу

Some HTML is OK

(required)

(required, but never shared)

or, reply to this post via trackback.