Пред некој ден, мојата драга ПР колешка од Нови Сад, Драгана Џермановиќ - D DJ, ме замоли за кратко интервју, наменето за нејзиниот блог. Со задоволство одговорив на внимателно и непретенциозно составените прашања, а одговорите, заедно со оние на уште неколку други претставници на ПР индустријата од балканските земји, се објавени на draganadjermanovic.com. (Вториот дел од интервјуто е овде).
Ме инспирираше да споделам и тука еден дел од тоа интервју, особено делот за разликата меѓу ПР во компанија и во агенција. Ова беше мојот избор на петте збора со кои требаше да го опишам агенцискиот ПР:
Интегриран. Агенцискиот ПР е повеќе интегриран во тотални комуникации (заедно со сите останати комуникациски алатки: адвертајзинг, БТЛ, настани, промоции, WOM; нови медиуми…) за разлика од компанискиот ПР (in-house PR).
Динамичен. За еден ПР кој работи во агенција, секој ден е различен и полн со предизвици, главно заради разноврсноста на клиентите и проектите кои се работат паралелно.
Мултитаскинг. ПР луѓето од агенција се во исто време и планери, акаунти, копирајтери, новинари, гласноговорници (портпароли), клиент сервис директори и ПР менаџери. Ние работиме со клиентот, со тимот во агенцијата, со медиумите, со заедницата и со посебните целни публики. Мораме да работиме креативно, но истовремено и профитабилно. Во исто време мора да го ‘хендламе’ клиентот, агенцијата, но и себеси.
Разноврсен. Компанискиот (in-house) ПР е експерт во една област, областа во која делува неговата/нејзината компанија. Агенцискиот ПР мора да биде експерт на многу полиња. Ние, агенциските луѓе, мора да поседуваме различни познавања од различни области, да би можеле да работиме за различни клиенти и да им обезбедиме квалитетна услуга.
Љубопитност. Природната, вродената љубопитност на ПР-от е предуслов за карактеристиките набројани погоре.
Со кои 5 збора би ги опишале вие агенциските односи со јавност?
P.S. Овој пост беше оригинално објавен на 19.01.2010, но заради падот на серверот каде е хостирана crnaovca.mk, мистериозно исчезна, па сега го ре-објавувам. Се извинувам за коментарите кои исчезнаа заедно со постот.
0 Responses
Stay in touch with the conversation, subscribe to the RSS feed for comments on this post.