Следната седмица, поточно од 15 до 17 октомври, ќе се одржи третата по ред Глокал конференција. Глокал (Glocal) е меѓународна конференција за комуникации во организација на New York University Скопје, со главен фокус на социјалните медиуми.
Преку 30 презентации и реномирани странски и домашни предавачи ќе бидат дел од програмата, која е поделена во осум сесии: односот помеѓу социјалните и традиционалните медиуми, етнографско изучување на социјалните медиуми, трансформација на културните индустрии, култура на вмрежување, трендови и влијание на социјалните медиуми врз новинарството, социјалните медиуми како бизнис, правно регулирање на социјалните медиуми, менливи идентитети.
Сесиите ќе се одржуваат на самиот универзитет (во Сарај). Иако учеството е бесплатно, организаторите препорачуваат претходно регистрирање на заинтересираните учесници, заради големиот интерес.
Се гледаме таму!
One Response
Stay in touch with the conversation, subscribe to the RSS feed for comments on this post.
Јебига уште еден собир на глобализациони јаничари …
Но интернетот е двосмерна комуникација , така да неможат толку лесно да манипулираат со свеста на масите …