Денес угледот (репутацијата) е највредниот капитал што една компанија го поседува, а управувањето со угледот (reputation management) е една од нашите главни задачи како ПР професионалци.
Па ако е навистина така, ако навистина секој ПР менаџер е воедно и менаџер на репутација, тогаш е логично да во компанијата се прави мониторинг и мерење на угледот, како што се прави мониторинг, клипинг и мерење на публицитетот.
Еве една мала анкета наменета за бизнисите, за да испитаме колку навистина се вршат мерења на репутацијата во нашите компании и фирми.
Кликни ТУКА за анкетата
Доколку сте претставник на компанија како професионалец од областа на ПР, маркетинг, комуникации, или сте на повисоко менаџерско ниво, ве молам одвојте неколку минути и одговорете на пет кратки прашања. Анкетата е дел од истражување за мојата магистерска теза од областа на reputation management & measurement. Резултатите од анкетата, како и од целото истражување, ќе бидат објавени на блогов.
Однапред благодарна!
0 Responses
Stay in touch with the conversation, subscribe to the RSS feed for comments on this post.