Skip to content


Котлер во Скопје: Предизвиците на маркетингот во 21 век

Филип Котлер, маркетинг гуру, ценет професор и консултант на многу универзитети и компании, на 21-септември годинава доаѓа во Скопје, во организација на Капитал Медиа Груп. Котлер кој е еден од најголемите живи авторитети и мислители во областа на маркетингот, автор на водечките светски учебници од кои денеска знаења црпат повеќе генерации на професионалци од целиот свет, за прв пат ќе пренесе дел од своето знаење и искуство и на македонската бизнис-јавност.

Котлер за македонската деловна заедница, по цена од 450 евра влезница, ќе одржи предавање на тема: “Предизвиците на маркетингот во 21 век“.

Мене лично најмногу ме интересира што има Котлер (ако има) ново да каже околу новите начини на комуникација и користењето на WOM стратегии, социјални медиуми, блогови, подкасти, спонзорско претставување на производи и други нови медиумски канали, како и градење на вредностите на брендот.

Posted in Едукација, Маркетинг. Tagged with , , , , , .

2 Responses

Stay in touch with the conversation, subscribe to the RSS feed for comments on this post.

  1. Огнен said

    За жал не те пратам редовно, а и постов е бајат ама…
    Еве го мојот став:
    Таткото на модерниот маркетинг ги учи децата како да ги воспитуваат внуците.

    Не дека нема што да каже, а и концептот ако не се лажам беше: Crisis Management; што ќе рече најверојатно ништо за веб 2.0

  2. Далеку од тоа дека нема што да каже, од луѓе како него секогаш има што да се научи.

    Во агендата беше најавен цел еден дел за “барање нови патишта за комуникација” (види агенда, трет дел), каде и конкретно беа набројани 2.0 алатките.

    Јас лично не бев на предавањето, но и не чув некој што бил да сподели што кажал Котлер по тие прашања. Но ако некој бил и сака да го сподели искуството со останатите, добредојден е да пише тука, дали како коментар или како гостин-автор :)

Some HTML is OK

(required)

(required, but never shared)

or, reply to this post via trackback.