Од 4 до 9 октомври 2009 година, во Порторож, Словенија, ќе се одржи Golden Drum, еден од најзначајните фестивали за рекламирање, односи со јавност и комуникации во Источна Европа. Но она по што годинава ќе се разликува Golden Drum е фактот дека за прв пат после 15 години, овој фестивал вклучува и една нова категорија на натпревари – ПР (односи со јавност), како и PR DAY, кој низ интерактивни дебати и презентации на ПР кампањи ќе го насочи фокусот и на овој дел од нашата индустрија. Неколку еминентни гости ќе зборуваат на дебатата: Brad Staples, гуру за лобирање, Mark Weiner, CEO на PRIME Research, и други.
Досега агенциите кои сакаа да се натпреваруваат со ПР кампањи на овој фестивал, наоѓаа начини како да ги преадаптираат своите кампањи и да ги пријават во категоријата Media (Group G). Но сега за прв пат во посебната категорија наменета исклучиво за ПР кампањи, можностите за учество се поконкретни и пошироки, а самата категорија нуди 19 различни групи на ПР кампањи (Group H), од маркетинг ПР до интерни комуникации и општествена одговорност.
За оваа категорија ќе има и посебно жири, составено од експерти од областа на односите со јавност и комуникациите.
Фестивалот исто така ќе понуди и посебен ПР натпревар наменет за студенти, каде студентите од Европа ќе имаат можност да се натпреваруваат за најдобра и најиновативна видео презентација на тема “Што е ПР?” наменето за општа публика.
0 Responses
Stay in touch with the conversation, subscribe to the RSS feed for comments on this post.