Skip to content


Немојте да гласате за Мила! Ама стварно!!!

Не баш будно ги следев случувањата околу овие избори, ама од денеска нешто ете се посветив малку повеќе. Сега нема да навлегувам во комуникацијата на главните “играчи”, т.е. кандидати за претседател и градоначалник на Скопје. Ама една кампања баш ми падна во очи, така што не можев, а да не ја прокоментирам – кампањата на Мила Искреновиќ, независен кандидат за градоначалник на општина Карпош.

Мила е архитект, кој онака оптимистички како и повеќето кандидати , сака (и верува дека може) да ја оправи општина Карпош. Таа не е партиски кандидат, и ги разбира проблемите во општината. И да се потпревме само на нејзината позадина и предлог–програма, можеби и ќе имаше за што да се размисли. Но сепак има неколку работи кои навистина ме збунуваат околу нејзината кампања. Еве вака:

1. “Драги сограѓани, веќе 15 години барам начин како да ги отстранам овие дамки…” (и се покажува бело платно на кое е испишано: Корупција, мито, партиски избор). И си викам –добро, има некоја поента, дај да видам понатаму….решението било – детергент Мила, независен градоначалник за општина Карпош. Симпатична реклама, во секој случај.

И одам јас на mila.mk да видам што тоа Мила предвидела во својата програма за борба против митото и корупцијата. И гледам дека нема ништо такво! Нејзината програма е базирана на три работи: Нашите домови, Нашите основни училишта, Екологија. Зборовите “мито” и “корупција” се споменуваат само еднаш, и тоа во воведот кон програмата: “Крајно време е да прогледаме и дадеме шанса на еден вистински лидер,организатор и реализатор, хуман, доблесен, општествено реализиран и имун на ифекцијата под термин мито и корупција.” Одговор на прашањето “како?” не е даден никаде.

Во тој случај, комуникацијата во ТВ рекламата е во најмала рака погрешна, да не речам – лажна.

2. Сигурно низ Скопје сте ги забележале билбордите со слоган “Немојте да гласате за Мила!!!”. Ај што е сосема неразбирливо зошто некој ја советувал Мила да направи паралелна анти-кампања, со што не само што ги збунува гласачите, туку исти такви веќе имаше и кога се кандидираше за изборите во 2005 година! Е сега, кога тогаш не победила, зошто повторно е избрана истата тактика и комуникациска стратегија, која еднаш веќе се покажала како неуспешна?

3. Ај програмата ОК, дури и би имала некоја шанса. Арно ама, видете и ја советничката листа: носител на листата е Ранко Буба Мара, а на листата се и Мики Црнокрак кој ќе направел улиците во Карпош да бидат како модни писти, Викса-Фикса на просторот каде што се протега велосипедската патека на Партизанска би монтирал движечка лента која ќе ги пренесува луѓето до град,… итн. Е како да ја сфатам сериозно? Со вакви предлози, ме потсеќа на оној пат кога Раде Рогожаров се кандидираше за градоначалник на Штип…

Да се разбереме, Мила е баш симпатична, не е партиски кандидат, ги разбира проблемите во општината, и можеби би имала шанса на овие избори. Арно ама со малце од малце попаметна комуникациска тактика за избориве. Ваква “духовитост” не е баш на место… А зошто е тоа така?

“Ова е нашата кампања, следуваат уште поинтересни и повпечатливи билборди”, изјавил Ранко Буба Мара, носител на советничката листа за Карпош и брат на Мила. “Мила воопшто не знае каква кампања и подготвуваме. Јас сум тој кој е одговорен за билбордите и претставувањето.“

Е баш живо ме интересира што ново и “креативно” ќе смисли овој искусен и надарен адвертајзер како следна фаза на кампањата за Мила! А ти драга Мила, следниот пат ангажирај си професионалци.

Posted in Адвертајзинг, Медиуми. Tagged with , , , .

5 Responses

Stay in touch with the conversation, subscribe to the RSS feed for comments on this post.

  1. тако said

    В’ред. Ги сваќам коментарите упатени кон неконзистентност (спот-сајт), не-елаборираност (како), повторливост (2005) и несериозност (мики-џмики) и лош квалитет на целата кампања (ранко а праел да му се сневиди), ама морам да го дадам овој теткински коментар:

    Е добро ма, па ако знаеш шо треба шо не се кандидираш ти за градоначалник. Лесно е сите ко тебе да седиме по дома со стомаци огромни и да критикуваме шо се случува надвор. Излези па да видиш дали е лесно. Или па шо не и ја направиш ти кампањата, чим толку знаеш. Wha-re-ver!? (тука иде типично амер-тинејџ потклатување со главата влеводесно.)

    Башка мене ми е кул Мила. Само она и Изет Мeџити (можда и Шефкет Заноли) се ставени на клот билборд позадина која вели: “We are the world, we are the people”.

    Тако аут.

  2. Ииии, нервозна реакција, ечко, смири се. Добро, де, не мора да гласаш за Мила, ееееее.

    И да додадам нешто конструктивно, да не биде без ич. Ја да си признаам ама таа Мила од билбордов и оваа Мила од рекламава не би помислил дека се исата Мила. Рака на срце ја не сум баш познат по памтење фаци, ама па на Мила таргет и се пензионери, а не верувам дека тие се нешто подобри. Без навреди, молам :)

  3. штипјанец said

    А ти сериозно ја сфаќаш?
    патем, што имаш против Рогожаров? Тој за Штип има напраено три пати повеќе од сите локални мафијаши заедно, плус скопските ем локални ем национални пајташи, пута 10. Мајке ми! Бар не ги маа по глаа, туку ги развеселуе луѓето – ама тој раде вие скопјани не го знаете :)

  4. zatoa poznato mi se vide…
    idnite izbori na treta majka pa so istata kampanja, moze kje upali…

  5. Мислам дека билбордите „Немој да гласаш за Mила“ се ставени надвор од Карпош, а „Гласај за Мила“ во Карпош… како за поттикнување муабет по кафиќи и кафани низ Скопјево, нели… :)

Some HTML is OK

(required)

(required, but never shared)

or, reply to this post via trackback.