Skip to content


Кој всушност бил вистински во Берлин?

Ако ве интересира македонскиот филм и деновиве ги следите македонските вести од културата, сигурно и на вас не ви е сосема јасно што всушност се случува на 59-тото издание на Меѓународниот Филмски Фестивал во Берлин. Имено, секој ден добиваме информации дека има или нема македонски филмови на годинашново Берлинале, сме се промовирале (како земја) или не на фестивалот, и сл., па некако се доби впечаток дека една од новинарките која известуваше за фестивалот како да воопшто не била таму, пропуштајќи го клучниот настан за Македонија на Берлинале.

Еве краток “историјат” на известувањата на македонските медиуми околу 59. Берлинале и претставувањето на Македонија.

Утрински Весник, 21.01.2009. Македонија ќе биде претставена на маркетот со новите филмови на Иво Трајков и Атанас Георгиев.

Шпиц 30.01.2009. Директорот на Македонскиот филмски фонд, Дарко Башевски рече дека годинава филмот на Георгиев е единствено дело со наша екипа на маркетот и воопшто на фестивалот.

Макфакс, 5.02.2009. Македонија со две копродукции на 59. Берлинале – филмот „Созерцание” на режисерот Иво Трајков, кој го претставува чешкиот партнер и продукцијата и Македонија, Австрија, Хрватска и САД, и „Плати и жени“, на Атанас Георгиев, кој го презентира хрватскиот видео и аудио центар.

Вест, 9.02.2009. 59. Берлински Филмски Фестивал. Филмот на Атанас Георгиев – вистински погодок. “Плати и жени” е единствениот македонски претставник на годинешното Берлинале.

Утрински весник, 10.02.2009. Во рамките на Берлинскиот филмски фестивал, се одржа македонски коктел што го организираше Филмскиот фонд, акцентот беше ставен на работатана Филмскиот фонд и на фестивалот Браќа Манаки (на само еден ден по проекцијата на “Плати и жени”, филмовите не се ниту спомнати во текстот).

Вест, 10.02.2009. Македонија без штанд, но со коктел! На Европскиот филмски маркет, кој е во рамките на 59-тото Берлинале, Македонија нема штанд, но Филмскиот фонд земјата како дестинација за снимање ја презентираше на коктел.

Што всушност се случува во Берлин?

Значи, македонски филмови на Берлинале има. Иако не се комплетно во македонска продукција, но се дела на македонски автори. Овие филмови воопшто не се прикажуваат на Берлинале како македонски производи. Филмовите мораа да се потпрат на останатиот дел од нивната продукција, која за разлика од македонската, можеше да им обезбеди прикажување на Берлинале, како и на други фестивали.

Македонија нема ниту свој штанд на Берлинале. Според изјавата на директорот на нашиот Филмски фонд, Македонија за своја промоција на Берлинале го користела српскиот штанд. Додека македонските филмовите се прикажуваат на хрватскиот и на чешкиот штанд.

Ниту македонскиот коктел не бил дел од Берлинале. Не бил ни во истиот објект каде се одржува фестивалот, а главна тема била работата на Фондот и фестивалот Браќа Манаки. Но не и македонските филмови прикажани на Берлинале.

Чиј е филмот “Плати и жени”?

Филмот “Плати и жени” (наслов во оригинал: “CA$H&MARRY”) е всушност македонско-австриско-хрватско-американска копродукција, во режија на Атанас Георгиев. Тоа е негово комплетно авторско дело, кое го работел речиси 10 години, и се базира на приказни за балканските имигранти во западно-европските земји и нивните патешествија во напорите да обезбедат документи за престој, преку брак со ЕУ државјанки, чин кој ги чини околу 7.000 евра по невеста. Филмот пред два дена беше претставен на Берлинале преку Хрватскиот аудио-визуелен центар, во рамките на пропратниот European Film Market.

(Одберете ја опцијата watch in high quality на Youtube).

Инфо за CA$H&MARRY: Mischief Films Austria, Croatian Audiovisual Center, CA$H&MARRY на Youtube и на Facebook.

Инаку, филмот е поканет да учествува и на Diagonale фестивалот во Грац, како и на Visions du Reel, Regarde Neuff competition.

“Созрцание” на Иво Трајков?

Првиот готов филм што го финансираше Филмскиот фонд, “Созерцание”, во режија на Иво Трајков, имаше затворена претпремиера во киното „Милениум“ во Скопје на 18 октомви 2008, а премиерата се одржа во Прага на 20 јануари 2009. Филмот е во македонско-чешка продукција, и е работен по мотиви од расказот „Ангел чувар“ на Божена Немцова. Нашата јавност веројатно филмов го памети по скандалот кога продукцијата “Кавал” го тргна Дејан Илиев (тогашен директор на фондот) од шпицата на филмот, откако беше обвинет дека незаконски е на шпицата од новиот филм на Трајков.

И “Созерцание” на Берлинале се прикажува во рамките на Европскиот филмски маркет, но преку чешкиот штанд.

Кој бил, а кој не бил во Берлин?

Кој од двете новинарки-известувачки од Берлин (Силвера Падори за Вест и Сунчица Уневска за Утрински Весник) навистина известува за Берлинале? Дали некој се успал за проекцијата на македонскиот филм на фестивалот, или дали можеби некој свесно ги игнорира нашите филмови и успесите на нашите уметници на фестивалот?

Веројатно и двете новинарки биле во Берлин, но едната известува за македонските филмови на Берлинале, а другата за коктел кој воопшто не е дел од фестивалот.

Останува да видиме која ќе биде веста во следните известувања од Берлин, и дали ќе продолжи игнорирањето на македонските филмови на Берлинале.

Posted in Медиуми, Новинарство, ПР. Tagged with , , , , .

7 Responses

Stay in touch with the conversation, subscribe to the RSS feed for comments on this post.

  1. Ana said

    Bravoooo za hronoloskovo sledenje na “makedonskite pera”!!! I verojatno ova e eden od retkite konkretni primeri koga jasno se gleda deka javnosta se informira preku preraskazuvanje, ili informiranjeto nekogas se sveduva na propagiranje.

  2. Марјан Алчевски said

    Cash&Marry е секако и македонски филм. Не само тоа, првите пари за продукција на филмот беа одобрени токму од македонскиот филмски фонд.

    Ќе треба да помине некое време да се навикнат и луѓето од Фондот и новинарите дека меѓународни копродукции се одлична работа и дека треба да се гордееме кога македонски автори добиваат пари и надвор од Македонија за да ги снимат своите филмови. Времето на „национални кинематографии“ само што не е завршено.

  3. Дојчин Филиповски said

    Г-ѓа Силвера Падори живее и работи во Берлин за radio multikultи rbb, и е специјален известувач од Берлин за Македонски Вест, и најчесто нејзините прилози можат да се чујат на радио Дојче Веле на Македонски јазик. Таа дефинитивно била присутна на единствената проекција на македонскиот филм Плати и Жени. Уште 11 други посетители вклучувајки ги двајцата продуценти, двајцата sales агенти, шесторица потенцијални купувачи и тетката која ги кинела картите биле сведоци на истата проекција. Филмот е прикажан во кино салата во хотел Мериот во неделата на 8ми февруари во 9:30 наутро, во рамките на Берлинскиот филмски Маркет. (Знам затоа што разговарав со еден од присутните на проекцијата)

    Елем, да демистифицирам – филмскиот маркет, кој нема врска со главната програма на Берлинале, функционира на следниов начин:
    Во Берлин постојат, да кажеме, 100 кино сали. 25 од нив се окупирани од програмскиот дел на фестивалот, а останатите 75 се отворени за да презентираат филмови на потенцијални дистрибутери, телевизии, разни купувачи… Секој индивидуалец – продуцент има право да закупи простор и време во една од тие сали, доколку тоа му се исплати. Затоа што станува збор за маркет во рамките на берлинскиот филмски фестивал, каде што доагаат илјадници битни фаци од филмскиот бизнис – цените се изгор, па затоа за многумина единствено прифатливо решение е да се закупува простор од страна на државните филмски фондови, па групно да се настапува.

    Не се слагам дека г-ѓа Уневска МОРАЛА да присуствува на единствената проекција на македонскиот филм. Тоа и онака не бил никаков посебен настан на берлиналето. Берлинскиот фестивал е доволно голема бркотница со милиони случки кои верувам дека се добар предизвик за еден новинар од рангот на Сунчица. Секако дека е чудно, сепак станува збор за Македонски филм, а Уневска како „реномиран“ филмски критичар и известувач немала интерес да го погледне. Згора на тоа, не верувам дека на Берлиналето нешто посериозно се случувало во неделата наутро, за тоа да биде повод да не отиде ниеден Македонски преставник.
    Причината е јасна: Претходната вечер имало коктел организиран од Макдеонскиот филмски фонд кој сигурно траел доцна во ноќта…

    Но една друга работа е малку почудна – изјавата на директорот на филмскиот фонд дека нема готови Македонски филмови!? Истата оваа информација е поткрепена од новинарката.

    Цитирам:
    Македонскиот коктел, кој во рамките на Берлинскиот филмски фестивал прексиноќа го организираше Филмскиот фонд, помина одлично. На прекрасна локација, во футуристичкото здание на центарот „Сони“, кое се наоѓа веднаш до Потсдамер плац, каде што и се одржува фестивалот, Македонија направи добра промоција на сето она што е ново во филмската област кај нас. Нови филмови во овој момент нема, но новини има и тоа многу, кои треба да донесат промени во филмската клима во земјата, а за што гостите беа доста заинтересирани.

    http://utrinski.com.mk/?ItemID=051A8BB6670B7D4D93A1F68CC8443E72

    Не верувам дека не знаеле дека има готов филм, па згора на маркетот во Берлин и тоа на само 1 км од главното случување…
    Ако филмот е барем малку Македонски – тогаш зошто Македонскиот филмски фонд немал интерес да се афирмира и да даде до знаење за новиот македонски филм, па и да ги покани присутните гости од коктелот да го погледнат Македонскиот филм?

    Понатаму: Коктел забава во Берлин, во футуристичко здание на сони центарот до постдамер плац – сигурно чини брдо пари… Дури можеби и повеќе од закуп на еден штанд на маркетот!
    Значи факт е дека македонија пари за да закупи штанд – имала, филмови имала дури два (македонија често има нула филмови годишно), но како и секогаш, капацитет за организацја – никогаш немала.
    Во времето кога требаше да се закупи штандот, филмскиот фонд немал директор! Супер фора за изговор: директорот го нема – удри бригу на весеље!
    Па затоа не е чудо што филмот на Атанас ќе биде бутнат во некое кино у некој забутан хотел у 9 саат сабајле во недела после сите фестивалски саботни пијанчења… Тоа е многу нормално кога е прикажан во рамките на Хрватскиот филмски фонд, а ако баш ве интересира, единствената врска на филмот со хрватска е едниот продуцент – хрват, и сценаристот – кој е македонец но живее во загреб.
    - Ах да, чув и дека влегле во буџетот со 1,021%…
    Зошто тогаш хрватска да се замара и да арчи пари за да го прикаже македонскиот филм во некоја огромна сала во пристојно време… Секоја чест на хрватскиот продуцент што сепак успеал било како да го пикне.

    Инаку филмот сум го гледал на една од тест проекциите на авторот, и можам само да кажам: секоја чест на Атанас за таквото ремек дело. Таков филм ќе биде запаметен, едвај чекам да се отвори за јавност.

    Дојчин Филиповски од Берлин

  4. Ana Marija Magdalena said

    http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=75412BBC18C3FE4FAFDDC4F2904B022F
    Dali povodot na novinarkata za vakviot text e da se opravda deka sepak e prisutna na Berlinaleto, no nema potreba da izvestuva za noviot makedonski film?

  5. Зоран Ричлиев said

    Вака сега. Фаца ми е другар, а Сунчица колешка. Ево како Сунчица страјкс бек денеска, иако Фаца лично нема никаде ништо јавно кажано за работите за кои се збори погоре. Фоллоу д линк: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AE2CEE227FA62D4D9150D9B79E902757 . Лично мислам дека Сунчица можеше да почасти некој ред за филмов и покрај тоа што во линков објаснува некои работи.

  6. Марјан Алчевски said

    Мене ме збунува изјавата на директорот на Фондот дека немало готови филмови. Како прво, има. Како второ, што дека има? Не дека само затоа што некој македонски филм е готов веднаш ќе го бутнат во службената програма на Берлинале.

    Cash&Marry не пројде на Берлинале. Дури и не е важно колкав процент од буџетот на филмот доделил Хрватскиот аудиовизуелен центар (а навистина е мал) туку дека ХАВЦ процениле овој пројект да биде еден од оние кои ќе ги представат на Маркетот во Берлин. Не затоа што нема други готови филмови па дај што и да е… Најверојатно–не можам да тврдам со сигурност–организирале проекција на Маркетот бидејќи сакаат да представат добар проект (кој е и хрватски) и сакаат сега да го подржат филмот кога тоа не го сторија на времето кога пари ни беа многу попотребни отколку денес.

    Ќе проверам со Синиша (продуцентот) дали бил поканет на коктелот на Македонскиот фонд. Синиша коктел не пропушта.

  7. Утрински се поправа малку од малку…
    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D5D3E91EADEE4D44A98A8C204A373C71

Some HTML is OK

(required)

(required, but never shared)

or, reply to this post via trackback.