Skip to content


Односите со јавност во 2009 … and beyond

Новата година обично ги инспирира не само колумнистите, туку и блогерите, да прават осврти на годината што изминала, да ги сумираат настаните и резултатите, и да дадат некакви општи предвидувања за годината што доаѓа. Не се ни обидував да го избегнувам тоа клише, па некако темава и сама ми се наметна: каков треба да биде ПР професионалецот во 2009 година и какви вештини треба да поседува? Со други зборови, во која насока ќе се развива ПР професијата во годинава што ја “раситнивме” пред некој ден.

Препораките во продолжение се однесуваат на ПР индустријата во Македонија. За малкумина тие претставуваат сегашност. За повеќето – иднина подалечна од 2009 година. А добар дел (ако воопшто ги прочитаат) препоракиве веројатно ќе ги сфатат како сосема непотребни, и ќе продолжат како и претходно да го ограничуваат своето професионално секојдневие со “пиење кафе со новинарите”.

Затоа, нека овие препораки бидат еден вид “новогодишна резолуција” за секој ПР професионалец кој сака да биде во чекор со времето и да работи во насока на унапредување на односите со јавност кои ги практикува.

Така, ако сеуште не сте ги совладале овие вештини, крајно време е барем да разберете дека:

Социјалните медиуми ќе бидат дел од стандардната ПР програма

Социјалните медиуми ќе бидат дел од стандардната ПР програма

1. ПР ќе биде уште поширока и поотворена професија, ќе бара поседување на уште повеќе различни вештини.

2. ПР професионалецот мора толку добро да го познава својот клиент, што однапред ќе го предвиди прашањето што клиентот допрва сака да го постави.

3. ПР професионалецот ќе мора да биде раскажувач, да знае добро да раскажува стории, приказни кои ќе ги трогнуваат луѓето.

4. ПР професионалецот ќе биде креатор на содржини, а не само комуникатор, пренесувач на пораки.

5. ПР професионалецот мора да биде уште пољубопитен, подосетлив и поиновативен… да има уште поголема страст за својата професија…. и што е најважно, да биде уште похрабар, посмел.

6. ПР професионалецот мора да биде способен да воспостави вистински дијалог со публиките, да води разговор (конверзација) со нив, а не само да им пласира пораки. ПР професионалецот мора да поставува прашања, и да одговара на нив. Но мора да биде подготвен да ги слушне и одговорите.

7. ПР професионалецот мора будно да ги следи сите брзи промени во неговата поширока околина, и брзо и навремено да реагира на секоја од тие промени… ПР професионалецот мора да е подготвен брзо да го промени дури и сопствениот став, мислење, предрасуда…

8. За успешна ПР стратегија нема веќе да биде доволно фокусирање само на традиционалните медиуми. ПР професионалецот ќе мора да размислува во насока на интегрирана кампања, во која ќе влезат дури и алатки како креирање на филмови и видеа, (микро)блогирање, креирање и користење на социјални мрежи, градење на апликации за мобилни, видео игри… со други зборови да ги користи сите алатки кои се на располагање, така што и “алтернативните” комуникациски алатки веќе стануваат “конвенционални” медиуми.

9. Мерењето на вистинските ефекти од ПР стратегијата ќе го замени простото “броење на објави”. ПР професионалците ќе мора да бидат подготвени да бараат и предлагаат нови креативни начини за евалуација на ПР активностите, која ќе ја одрази реалната слика и влијанието во заедницата.

10. И на крај, ПР професионалецот во 2009 не смее да подлегне под притисоците на светската криза. ПР професионалецот мора да разбере дека интелектуалниот и креативниот “капитал” е нешто што ниедна рецесија не може да му го одземе. Затоа, креативноста во работата на еден ПР професионалец е потребна како никогаш до сега.

Во продолжение еве и едно одлично видео што Ogilvy PR Worldwide го има продуцирано за PR Week. Видеото е склоп на изјави на експерти од топ ПР фирми во светот, а насловот е PR of the Future.

Posted in ПР, ПР кариера. Tagged with , .

2 Responses

Stay in touch with the conversation, subscribe to the RSS feed for comments on this post.

  1. Две раце горе за точка број 8 :)

  2. petar k said

    koga sme kaj novi mediumi, bravo za darko i ostanata seavus banda za promocijata na pm alatkata na linkedin.

Some HTML is OK

(required)

(required, but never shared)

or, reply to this post via trackback.