Skip to content


Стадото на црните овчички

Една недела после “свеченото” објавување на новата блог-платформа која си ја нарековме Црна Овца, “мрежата” е преполна со коментари и разни реакции, па мислев дека е “згодна прилика” да направиме едно мало “резиме”.

Дел од црните овци сопствените мотивации и образложенија ги изнесоа на своите стари (Феми, Најче и Џаман) и/или нови блогови (Феми, Најче). Моите лични мотивации веќе ги кажав во првиот пост на новиов блог.

Бурни дискусии се развија кај Мечето Ушко, Волан, Мачка, а темата беше “чепната” и кај Екстимно, Гусарот, Ненасловна, Ѕвер, Шехерезада, Лост….

Во дискусиите беа изнесувани разни ставови и мислења, добар дел од беа далеку од темата за новата блог-платформа, па црните овци често беа осудувани за “изолација” или “(псевдо)елитизам”. Многу од коментарите беа дури и невкусни, но тоа е показател повеќе зошто дел од црните овци решија да се “преселат” на новата платформа.

Како реакција на овие дискусии, Сеад постираше свое објаснување на Комуникации, а му се придружија Феми и Најче.

Источна даде убав осврт на минатонеделната “вербалната агресија” врз црните овци, поставувајќи ги прашањaта “дали тоа треба да ни смета или не”, и “дали треба да се реагира или не”, односно треба ли да реагираме и да се спротивставиме во ситуации на ирационални вербални напади од други, често непознати луѓе?

Искрена поддршка на новото стадо дадоа и Големата слика, Волан и Развигор, а Дарко пак и посебно го испромовра овој блог на Комуникации.

Содржини од Црна Овца од денеска се агрегираат и на Macedonia Search.

Во секој случај, дискусиите и “вербалните агресии” на тема “оцепување” на “црните овци” полека стивнуваат.

Инаку, стадото на црни овци се шири, и веќе од следната недела ќе ни се придружат неколку нови членови. А сите оние кои сакаат конструктивна дискусија и расправа се поканети да нè посетуваат што почесто, а и ние се разбира ќе ги посетуваме нив.

На сите нови црни овци им посакувам топло добредојде во нашето стадо!

Posted in Општо. Tagged with , .

One Response

Stay in touch with the conversation, subscribe to the RSS feed for comments on this post.

  1. Апдејт на постот: и Сеад пак се инспирираше од темава :)
    http://sead93.crnaovca.mk/crnaofc/

Some HTML is OK

(required)

(required, but never shared)

or, reply to this post via trackback.