Hallo world! Дојде време и овој блог да се запознае со надворешниот свет. И обратно – светот да се запознае со него.
Приклучувањето кон црнаовца.мк е всушност реализација на една поодамнешна идеја за домашен блог посветен на индустријата на односите со јавност, а изработен од некој кој и во пракса се занимава со тоа. Во блогосферата, како и во мојата кариера, често налетував - и налетувам - на разни ставови и коментари во врска со ПР изнесени многу често од страна на луѓе кои најмалку од сè ја познаваат таа професија, а уште помалку се занимаваат со неа (секоја чест на исклучоците).
Се разбира има и такви кои и покрај професионалното занимавање со ПР не сакаат јавно да зборуваат за својата работа, сметајќи дека знаењето се ексклузивна привилегија која не треба да се споделува со останатите, бидејќи “знаењето и искуството спечалени со пот” не треба да делат туку така, гратис.
Таквиот (помалку и себичен) став е спротивен со она што се случува пак денес во светот. Знаењето никогаш не било подостапно отколку што е денес! Постојат стотици корисни прирачници за ПР, обуки за ПР има на секој чекор, интернетот нуди илјадници информации, теории, студии на случај… Едноставно, треба само да посакате, посегнете по информации и веднаш ќе најдете сè што ве интересира, па и повеќе од тоа.
Искуството од друга страна е нешто друго – за тоа треба навистина да се работи за да се стекне, а тоа пак на знаењето стекнато преку теорија му дава вистинска тежина.
За еден просечен човек да започне прв пат да се занимава со ПР доволно е да прочита некој базичен прирачник, или Public Relations for Dummies. Некогаш не мора ниту тоа – доволно е да има “сватовски” врски со некој медиум за да се постави како ПР експерт пред потенцијалните клиенти
Како и да е, јас преку овој блог ќе се обидам најнесебично да споделувам во јавноста дел од знаењата и искуствата кои ги имам стекнато – и кои ги стекнувам - во текот на повеќегодишната професионална кариера. Најмногу во интерес на самата професија. Можеби и нема да сум секој пат во право. Но затоа се тука коментарите и квалитетните расправи кои можат само да придонесат кон унапредување на професијата.
П.С. Името на блогот “Воглавно Јавно” е инспирација од еден стих на мојот омилен (бугарски додуше) ска-панк бенд Уикеда. Фала на Тако што ме потсети на песната ![]()
6 Responses
Stay in touch with the conversation, subscribe to the RSS feed for comments on this post.
Aj честито, па за аро нека е со блогов
Ќе читам .. немам некои особени познавања на темава, но око и уво имам ..
.. и почетокот нека е со арно и убаво .. поздрав!
несебичноста и намерата за споделување, покрај таа за постојано самоподобрување лично и на другиот, јас најмалку смеам да ја коментирам под ризикот да бидам сватен како пристрасен. ама не можев да додржам да не ти ја предочам двостраноста на референцата - PR for Dummies - од една страна цената од извесни долари се пркоси со твојата хумана free-of-charge иницијатива, од друга страна не знам колку си свесна за не толку очигледната релација (исправи ме ако грешам) помеѓу она на кое ти му даваш приоритет - активното искуство и личните способности како негов најдобар building block, и импликацијата на актот да се закачи линк до “платен” извор на информација и вежбанка. со други пократки зборови (кај мене тоа не постои), симпатичен ми е конфликтот на free will (како ‘повели’ принцип)& плати-клати (”дај ваму и одговарај ако не бива”), помеѓу кое, поовторно не знам дали е свесно, се наоѓа снаодливоста да се исползуваат двете. Ако е така, ЈУХУ! ја више сум научил нешто за ПР - снајди се за да се здобиеш со нечиј free will, кој верува дека е заклатен. А?
ијам неколку грешки - …за постојано лично подобрување и подобрување на Другиот,…смеам да ги коментирам…
ма како да кажам - “Грешките, тоа сме ние” (се додека правиме нови, непредвидливи).
Фала на сите за поддршката! Сеуште не сум го ни почнала сериозно моето “патешествие” на новиов блог, ама ветувам ќе бидам најактивна што можам.
@ Тако: на темата бесплатно vs. “платно”, ќе ти одговорам со следниов линк: http://gigapedia.org/v5/item:view_links?id=63384
Па сеа ти види што значи (бес)платно во денешно време :)))
Тука го пренесувам коментарот од Драгана, кој за жал не можеше да биде објавен на страницата “За мене” (изгледа WP темплејтот што го користам не дозволува таква опција).
Dragana Djermanović wrote:
@Branka: Imponzantan blog! Sjajna biografija! Od danas imate još jednog fana
Инаку, Драгана е колешка - ПР од Нови Сад, и води свој успешен ПР блог, кој од се’ срце го препорачувам: http://draganadjermanovic.com.